Девет најшокантни тајни кои се откриени од Викиликс

Донесуваме девет информации за кои врвот на САД не е воодушевен што ги читате.

1. Јемен го покривал неуспехот на САД

Документите докажуваат дека Јемен ги покривал САД во борбата против Ал Каеда, кога јавно изјавиле дека тие стојат зад нападот, а не САД. „Ќе продолжиме да зборуваме дека бомбите се наши, а не ваши“, му рекол претседателот на Јемен Али Абдулах Салех на американскиот генерал Давид Петреус во јануари оваа година. Поради сето ова, премиерот на Јемен се пошегувал дека претседателот „лажел“ во парламентот околу нападот.

2. Кина го „хакираше“ Гугл и Далај Лама

Кинеската влада стоела зад нападите на пребарувачот Гугл, на американската дипломатија во Пекинг, откри кинески извор. Изворот информирал дека се спроведува „координирана кампања на компјутерска саботажа, која ја спроведуваат државни оперативци“. САД и претходно одбивале да ја обвинат кинеската влада за напад на интернет страната, но благодарение на информациите од Викиликс на виделина излезе дека Пекинг ги хакирал и Гугл и Џи-мејл сметките на кинеските дисиденти, како и личниот компјутер на Далај Лама.

3. Хилари Клинтон ги шпионирала Обединетите нации

Клинтон побарала од своите дипломати да ги дознаат броевите на кредитните картички, распоредите на летање, распоредите на состаноци, и-мејл адресите, броевите на мобилни телефони, па дури и ДНК-та на членовите на Советот на безбедност на ОН. Меѓу нив е и генералниот секретар Бан Ки-мун, за кој сакала да дознае и каков стил на раководење и донесување одлуки има, како и колкаво е всушност неговото влијание во ОН. Барањето било поднесено во јуни 2009 година и само е продолжение на слични наредби на претходничката Кондолиза Рајс. Без дилема, се работи за голема непријатност која излезе на виделина, а многу веројатно е дека може да биде и противзаконска.

4. „Беспомошниот“ Берлускони има тајни врски со Путин

Извештаите кои го опишуваат Берлускони не се многу пријатни. Амбасадорката на САД во Рим Елизабет Дибл го опишала како „беспомошен и неуспешен европски лидер“. Уште еден документ открива веќе познати информации за неговите забави до доцна во ноќта, како и тоа дека сака луди забави. Извештаите исто така го испитуваат неговиот однос со премиерот на Русија, Путин. Односот го опишуваат како „нејасен“ и наведуваат дека државниците еден на друг си испраќаат скапи подароци. Клинтон на дипломатите им наредила да ја известат за какво било заедничко комуницирање или ангажман меѓу двајцата лидери.

5. Саудискиот крал сака САД да го нападнат Иран

Кралот на Саудиска Арабија Абдулах цело време ги набедувал САД да го нападнат Иран, информира висок функционер на САД. - Исечете и ја главата на змијата, изјавил кралот во 2008 година, кога побарал САД да преземат воена акција против нуклеарната програма на Иран. Освен Саудиска Арабија, реакција од САД посакувала и државата Израел, која на САД им испратила пораки што побрзо да реагираат против Иран, бидејќи „за 6 или 8 месеци ќе биде предоцна и секакво воено решение ќе доведе до неприфатлива колатерална штета“. Според останатите извештаи САД верувале дека Иран примил напредни проектили од Северна Кореја, со кои може да ги нападне Москва и Европа.

6. На потпретседателот на Авганистан му се дадени 52 милиони долари во готовина

Службеници на американската ДЕА минатата година во Обединетите Арапски Емирати за го фатиле потпретседателот на Авганистан, Ахмед Зија Масуд со 52 милиони долари во готовина. Станува збор за голема сума пари, но американските високи претставници му дозволиле да ги задржи милионите не прашувајќи за нивното потеклото или за натамошната дестинација. Масуд негираше дека „извезол“ пари од Авганистан.

7. САД им плаќале на држави да преземат затвореници од Гвантанамо

САД многу сакале да се ослободат од затворениците од Гвантанамо, така што на малата островска држава Кирибати биле подготвени да и понудат милиони долари за да ги преземе кинеските и муслиманските затвореници. Исто така ги подмитиле и Словенците нудејќи им ги затворениците во замена за запознавање со Барак Обама. На Белгија и било речено дека со прифаќање на затворениците на евтин начин ќе ја „одржи проминенцијата во Европа“.

8. Јужна Кореја планира да се обедини со Северна Кореја

И додека тензиите на полуостровот растат, САД и Јужна Кореја планирале да ги спојат двете земји ако дојде до колапс на Северна Кореја. Дури се обидувале да ја придобијат Кина на своја страна.

9. Стејт Департментот лошо ја оцени Меркел

„Меркел се уште не презела храбар потег со кој би ги подобрила односите со САД“, напишал поранешниот висок претставник на САД Вилијам Тимкен во 2006 година. Две години подоцна за Меркел изјавиле дека има „аверзија кон ризици и дека не е креативна“.

dnevnik.hr - Загреб



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат маж и жена во продавница и жената се фатила за некој фустан. Мажот пак незаинтересиран и вели:
- Ај мори жено, остај го фустанов, гледај каква си, како комбајн.
Си отишле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1571.- Во Вајл, Германија, е роден Јохан Кеплер,...
1585. - Во Париз умре Пјер Ронсар, француски...
1822. - Во Дол е роден Луј Пастер, француски...
1831.- Англискот научник Чарлс Дарвин ја започна...