Русија е мафијашка држава

Строго доверливите документи на американскиот Стејт Департмент, кои ги поседува веб порталот Викиликс, ја кренаа на нозе целата светска јавност, а меѓу последните депешеа на дипломатијата на САД, најголемо внимание и’ е посветено на Русија, земја која дипломатите на Вашингтон ја оцениле како “мафијашка“.

“Русија е корупциска, автократска клептократија, сконцентрана на лидерството на премиерот Владимир Путин, во која државното раководство, олигарсите и организираниот криминал се тесно поврзани и создаваат виртуелна мафијашка држава. Трговијата со оружје, перењето пари, личното богатење, заштитата на гангстерите, изнудување, куфери полни со пари и тајни сметки во оф-шор банки на Кипар се црната слика на политичкиот систем во која корупцијата, според проценките, годишно јаде околу 300 милијарди долари. Таму е многу тешко да се направи разлика меѓу активностите на владата и организираниот криминал“, пренесува Викиликс.

Викиликс, понатаму објавува наводи дека руските шпиони ги користат мафијашките шефови за трговија со оружје, дека полицијата и обвинителството рекетираат за криминалната мрежа и дека зимањето мито функционира како паралелен даночен систем за лично богатење на полицијата, на функционерите и на службата ФСБ, која е наследник на КГБ.

Мајката на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, која е со потекло од Австралија, изјавила дека се плаши за безбедноста на својот син, бидејќи “силите против кои се дигнал се премногу големи“. Таа додала дека нејзинито син е воспитан да трага по вистината.

Инаку, Џулијан Асанж, се наоѓа во Велика Британија, а на тамошната полиција и е познато местото на неговиот престој. Интерпол, пак, по Асанж распиша црвена потерница за силување, бидејќи во Шведска не користел кондом, иако ветил дека ќе го стори тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Знаеш ли миличок дека карбураторот од нашиот
. .*Мерцедес* е полн со вода?!
- Не е можно!
- Јас ти велам дека навистина карбураторот од
. .нашиот *Мерцедес* е полн со...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1258.- Тамерлан го зазеде Багдад. Монголците...
1502.- Португалскиот морепловец, Васко де Гама...
1515.- Во Софија, Ѓорѓи Кратовски, христијански...
1736.- Седумгодишната војна заврши со склучување...