Полицијата целосно го блокираше приодот кон центарот на градот Тунис

Полицијата го блокираше целосно пристапот до центарот на главниот град на Тунис каде вчера имаше илјадници демонстранти. Целосно е ограбен и речиси уништен голем супермаркет во северниот дел од градот Тунис, јавуваат западни медиуми.

Привремениот претседател Мохамед Гануши изјави преку националната телевизија дека апсолутен приоритет е обновувањето на редот и мирот во државата.

Метални огради се поставени на сите улици кои водат кон центарот и не се дозволува пристап со автомобили ниту за пешаци. Мерките за безбедност се дел од вонредната состојба објавен завчера. На сила е забрана за собирање на групи луѓе, а затворени се сите продавници.

Истрели од автоматско оружје се слушаа синоќа во центарот на градот Тунис, каде беше прогласена вонредна состојба и воведен полициски час. Премиерот Гануши во директното телевизиско обраќање изјави дека претседателот Зин Ел Абидин Бен Али ја напуштил земјата и тој ја презема неговата функција.

Тој ги повика граѓаните на Тунис да ја зачуваат стабилноста и вети дека ќе управува согласно Уставот и законите на државата.

Но, и по неговото обраќање полицијата продолжи да пука по оние кои не го почитуваат полицискиот час. Западните медиуми јавија дека 13 лица се убиени во два одделни инциденти во различни квартови на главниот град.

Саудиските власти потврдија дека денеска во таа држава допатувал поранешниот туниски претседател Зин ал Абидин Бен Али и неговата сопруга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...