
Каиро, 4 февруари 2011 (МИА) - Египетскиот премиер Ахмед Шафик нареди на министерот за внатрешни работи на Египет да не се создаваат пречки за одржување на мирни протести закажани за денеска под мотото „Ден на заминувањето“.
Организаторите на протестите, кои се нарекуваат „Младите на револуцијата“ очекуваат денеска на улиците на Каиро да излезат најмалку од еден милион луѓе.