Ќе има ли напад? И ако има, каде? Израел: следната војна

Неуспехот на САД под Барак Обама да создадат мир помеѓу Израел и Палестинците создаваат изгледи за нова војна

Во март 1973, израелскиот премиер Голда Меир го посети претседателот на САД Ричард Никсон во Вашингтон. Тој и кажа дека египетскиот претседател Анвар ел Садат е подготвен да преговара за целосен мировен договор, а Меир го увери дека Израел сака мир, но дека таа повеќе сака интерен договор бидејќи на Каиро не треба да му се верува. Таа рече дека примарната цел на Египет е да го примора Израел да се повлече зад линиите од 4 јули 1967, потоа повторно да го оживее планот на ОН за создавањето на Палестина кое беше усвоено во 1947; за решението на проблемот со Палестина би требало да се разговара со Јасер Арафат и „терористите“.

Израелскиот новинар Алуф Бен го објави овој разговор, на основа на документи кои ги објави Викиликс, и повлече паралела помеѓу ситуацијата тогаш, кога израелското одбивање да преговара доведе директно до војна и до тоа египетските трупи да го поминат Суецкиот канал во октомври 1973, и до неодамнешниот лут одговор од премиерот Бенјамин Нетанјаху за претседателот Барак Обама. Бен забележува дека Нетанјаху, кој се врати од САД и веднаш замина на фронтот во октомври 1973, „ќе биде добро да си ги освежи сеќавањата со преслушување на лентите од раговорот Меир-Никсон, и да се запраша што ќе стори да избегне да се повторат нејзините грешки и да престане слепо да ја влече земјата кон втора Јом Кипур катастрофа“. Во таа војна израелската војска изгуби 2600 војници.

Израелското одбивање да го прифати предлогот на Обама да го запре населувањето на Западниот брег (но не и во источен Ерусалем) на три месеци заради ветувања без преседан - или подмитувања, според колумнистот Томас Фридман, кој не е познат по симпатиите кон арапите - потврдија дека Обама не е во можност да спроведе било каков притисок врз Израел, и дека Нетанјаху одбива било каков компромис. Нетанјаху, исто како и неговите претходници, тврди дека го сака мирот, но всушност сака да го омаловажува мирот изложен на освојување и базиран на негирање на правата на палестинците. Во тајните преговори во изминативе неколку години, тој постојано им повторува на палестинците дека треба да го прифатат „безбедносниот концепт“ на Израелците, држејќи ги израелските трупи стационирани во долината Јордан покрај „бариерите“ (на палестинска страна) и со окупацијата на важниот дел од Западниот брег. Тој не кажа колку долго ќе трае окупацијата.

Стапицата ја тера израелската армија да црта планови за идни војни базирани на „безбедносниот концепт“ - дека секој кој ќе одбие да го прифати владеењето на Израел во регионот е „терорист“ кој треба да биде елиминиран. Ниту една држава, дури ниту САД, нема таков детален безбедносен концепт, што значи дека Израел е перманентно во војна. Кого израелската армија ќе го нападне следен? Газа? Пред две години израелските тенкови и авиони ги срамнија зградите до рушевини и убија стотици цивили во она во што извештајот на Голдстоун стои како „воени злосторства“ и веројатно „злосторства против човештвото“.

Но, Хамас е силна како и секогаш. Колку долго Израел ќе го толерира ова? Либан? Во јули и август 2006, израелската армија не успеа да го уништи Хезболах, но успеа да ја уништи земјата; Хезболах денес е посилен од било кога и највисоката команда на Израел не може обезбеди можна голема операција и окупација на дел од Либан. Иран? Со ризик да започне голем конфликт од Ирак до Либан, од Палестина до Авганистан? На Блискиот исток немирот најчесто води до војна. Овој пат, поинаку отколку во 1973, Израел би го презел првиот чекор, но ќе се соочи со поефикасни непријатели и, како што наведува израелскиот мировен активист Ури Авнери, непријателство од светското јавно мислење. Бразил, Боливија и Аргентина ја признаа палестинската држава со границите од пред 1967 година, а има и писмо од 26 европски постари државници (меѓу кои и Крис Патен, Џулиано Амато, Фелипе Гонзалес, Лионел Жоспен, Ибер Ведрин, Романо Проди, Хавиер Солана), кој се сеж освен екстремисти, повикувајќи ја Европската унија да наметне санкции ако израелската влада не ја преиспита својата политика до пролет. Организацијата Хјуман рајтс воч издаде извештај на 19 декември (Израел/Западниот брег: Одделен и нееднаков), за систематската дискриминација против палестинците, повикувајќи ја владата на САД да ги повлече американските фондови од израелската влада еквивалентно на трошоците при населувањето (повеќе од 1 милијарда долари).

Авнери заклучува: „Некој неделава напиша дека американската помош на Израел е случај на асистирање при самоубиство. Во Израел, асистирање при самоубиство е злочин. Но, самоубиството само по себе е дозволено со нашите закони. Оние што Бог сака да ги уништи, прво ги полудува. Да се надеваме дека ќе ја повратиме нашата свесност пред да стане доцна“.

Ле монд Дипломатик - Париз



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
една баба оди на лекар.Кога докторот ја прашува што е проблемот таа му вели дека многу прди, прдежите не се слушаат но многу смрдат.Докторот и дава лекови и и вели да се врати на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
641.- Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за...
1365.- Отворен е Универзитетот во Виена, една од...
1507.- Загина италијанскиот генерал Чезаре...
1832.- Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг...