Обама да не го менува Мубарак

Лондон, 10 февруари 2011 (МИА) - Саудиска Арабија се заканила дека самата ќе му помогне на претседателот Хосни Мубарак, доколку САД се обидат на сила да извршат смена на власта во Египет, тврди весникот „Тајмс“ повикувајќи се на свои извори во Ријад.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот пишува дека во еден, како што открива, „тензичен телефонски разговор“ меѓу кралот Абдула Втори и американскиот претседател Барак Обама, саудискиот суверен рекол дека САД „не смеат да го понижат Мубарак“. Кралот притоа предупредил дека тој лично ќе се вмеша и финансиски ќе ја помогне египетската власт, ако Америка се одлучи како мерка за притисок да ја повлече својата програма за помош на Египет од 1,5 милијарди долари годишно.

Најблискиот сојузник на САД во регионот на Персискиот Залив им ставил јасно на знаење на претседателот Обама и на администрацијата во Вашингтон дека Хосни Мубарак „мора да остане на чело на државата за да ја надгледува транзицијата на Египет кон мирна демократија, а потоа мирно да замине“.

Висок политички извор во Ријад, чиј идентитет на се открива, изјавил за лондонскиот весник дека Мубарак и кралот Абдула Втори не се само сојузници, туку и блиски пријатели, па дека затоа саудискиот суверен „не сака да гледа како неговиот пријател се турка настрана и се понижува“.

Информацијата за остриот телефонски разговор меѓу Ријад и Белата куќа, како и за пораките што му се испратени на американскиот претседател, „Тајмс“ ги потврдил уште од два други високо поставени извори во саудискиот главен град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Сретнав една добра вила, и ми исполни две желби.
За жал третиот пат неможев, не ми се дигаше...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799.- Трупите на францускиот генерал Наполеон...
1833,- Британските трупи ги зазедоа Фокландските...
1837.- Роден е рускиот композитор, пијанист и...
1939.- Францускиот пионер на фотографијата Луј...