Египетската војска „апсела и измачувала“ учесници на демонстрациите против Мубарак

Лондон, 10 февруари 2011 (МИА) - Египетската војска, уште од почетокот на протестите против власта на претседателот Хосни Мубарак, „апсела демонстранти и ги измачувала“, јавуваат британските медиуми повикувајќи се изјавите и сведочењето на некои од луѓето, јави дописникот на МИА од Лондон.

Тие тврдат дека биле одведени на непознато место, каде биле сослушувани и при тоа врз некои од нив била применета и тортура. Извори на кои се повикуваат медиумите во Лондон, тврдат дека станува збор за „неколку стотици, а можеби и илјада демонстранти“, сите означени како противници на египетската власт. Најголемиот дел од овие луѓе се тврди дека биле активисти за почитување на човековите права, адвокати и новинари, но се објаснува дека најголемиот дел од нив веќе се ослободени.

Ваквите откритија ја прикажуваат египетската Армија во сосема поинакво светло, затоа што сите извештаи од Каиро и од другите градови каде се демонстрира против претседателот Мубарак, војската беше прикажувана како „сосема неутрална“ во сегашните случувања во Египет, дури и дека таа е повеќе на страната на народот, отколку на актуелната власт.

Британските медиуми кои издвојуваат голем простор на египетските случувања, главно ја застапуваат линијата на Белата куќа и на Даунинг стрит 10, за итни и видливи реформи, инсистирајќи на тоа дека Владата мора да ги слуша барањата на народот, што во Лондон се означува како порака до Мубарак да си оди од власта што е можно поскоро.

„Дејли телегреф“ сугерира на внимателност, предупредувајќи дека темелни реформи се потребни и добредојдени, но не и револуција. Според овој лондонски весник, не би смеело да се дозволи дестабилизација на Египет, затоа што оваа земја е клучниот фактор за стабилноста на Блискиот Исток. Весникот го пренесува откритието на Викиликс за порано даденото ветување на сегашниот потпретседател на државата Омар Сулејман, дека Синај ќе биде „целосно исчистен“ од шверцот на оружје за појасот Газа, што е под контролата на Хамас, што се означува како доказ за виталната улога на Каиро во вкупните состојби во регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Кој орган кај мажите е најразвиен кога мастурбираат?
- Увото.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1398.- Монголско-туранскиот војсководец Тамерлан...
1644.- Веднаш по полнолетството на престолот...
1709.- Родена е руската царица Елисавета...
1737.- Умре Италијанецот Антонио Страдивари,...