
Синоќа беше исклучен пристапот до интернет во Либија, пренесува АФП, повикувајќи се на организацијата Arbor Networks, која го следи сообраќајот во мрежата.
Според податоците на Arbor Networks пристапот до интернет во Либија бил прекинат во 00:15 часот по Гринич. Оттогаш организацијата утврдила драстично намалување на влезниот и излезниот сообраќај.
Со прекинот на пристапот до Интернет режимот во земјата се обидува да спречи антивладините демонстранти да се организираат.
Од 17. февруари Либија ја зафатија протесни демонстрации. Учесниците бараат оставката на Моамер Гадафи, кој управува со земјата од 1969 година.
Слично масовни протести веќе доведоа до промена на власта во Тунис и Египет. Опозицијата во овие земји активно користеше Интернет и пред сe социјалната мрежа Facebook и микро-блог услугата Twitter, за да ги координираат своите активности.
За време на бунтот во Египет неколку дена беше исклучен интернетот.