8.000 бунтовници убиени од силите на Гадафи

Каиро, 21 март 2011 (МИА) - Повеќе од 8.000 Либијци, од бунтовничките редови, се убиени од силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи, изјави за телевизијата „Ал Џезира“ портпаролот на востаничкото движење Абдел Хафиз Гога.

- Само во Бенгази од петокот вечерта досега во борбите загинаа повеќе од 90 луѓе, истакна Гога.

Тој го укори генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса поради неговата изјава во која ги критикува воените акции преземени од САД и нивните сојузници во Либија.

- Тоа што се случува во Либија се разликува од прокламираната цел за воведување зона за забранети летови над земјата. Она што ние го сакаме е да биде заштитено мирното население, а не да бидат бомбардирани уште цивили, истакна Муса.

Бунтовничкиот портпарол додаде дека е изненаден од изјавата на генералниот секретар на Арапската лига.

- Каков е механизмот за спречување на уништувањето на либискиот народ господине генерален секретар? Ако заштитата на цивилите не е хуманитарна должност, тогаш каков е механизмот кој вие ни го предлагате?, запраша Гога.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Женска во кафич му одговара на Трпе:
- Абе, ќе ти го дадев телефонот, ама уште немам идентификатор.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалецот Васко де Гама стана првиот...
1699.- Данска, Русија, Прусија и Полска по...
1819. - Родена е Мари ан Еванс, позната под...
1830.- Белгиското собрание (конгрес) ја изгласа...