ОН: До 2050 година населението во најсиромашните земји двојно ќе се зголемиИстанбул, 11 мај 2011 (МИА) - Населението во најсиромашните земји од светот до 2050 година двојно ќе се зголеми на 1,7 милијарди, соопштија официјалните претставници на Обединетите нации во Истанбул.
Таквото зголемување дополнително ќе го оптовари секторот на основните услуги во овие земји, како што се здравството и образованието.
Во најслабо развиените земји 60 проценти од населението се млади на возраст до 25 години.
ОН предупредуваат дека овие млади луѓе, доколку им биде дадена вистинска шанса можат да бидат моторот на стопанскиот развој, а доколку тоа не се случи можат да западнат во длабока сиромаштија.
На меѓународната конференција учествуваа повеќе претставници од целиот свет.
Целта на оваа средба е изнаоѓање начин како да им се помогне на 48-те земји кои спаѓаат во најсиромашните држави, од кои најголемиот дел се во Африка.
Последната конференција на оваа тема, чиј домаќин беше Европската унија беше одржана во Брисел во 2001 година.
|