Протести за пад на режимот на Башар Асад

Бејрут, 5 август 2011 (МИА) - Десетици илјади Сиријци излегоа по улиците на градовите во целата земја со повик за пад на режимот на претседателот Башар Асад и во знак на протест против воената опсада на градот Хама.

Протестите ја опфатија престолнината Дамаск, јужната провинција Дара и југоисточната Даир ал Зур. Демонстрации има во северниот град Камишли и во централниот Хомс. Продолжуваат бомбардирањата на градот Хама, епицентар на востанието.

Асад наложи воена опсада на Хама пред шест дена во обид да го скрши бунтот.

Во Ирбин, во близина на Дамаск, има четворица убиени и неколку повредени при растурање на демонстрација од силите за безбедност.

- Сириските сили треба да запрат да употребуваат прекумерна сила против мирните демонстранти, треба да стават крај на егзекуциите и другите злосторства, кои се казниви според меѓународното право, изјавија експерти на ОН.

Во заедничка изјава тие ја повикуваат Владата на Асад да ги запре жестоките репресии, вклучувајќи го „користењето тешка артилерија“, и да се стреми кон национален дијалог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...