Триполи, 7 септември 2011 (МИА) - Портпаролот на воениот совет на либиските бунтовници во Триполи, Анис Шариф денеска изјави дека силите на Преодниот национален совет го опколуваат Моамер Гадафи и е прашање на време кога тој ќе биде уапсен или убиен.
Шариф не наведе каде се наоѓа Гадафи, потенцирајќи оти тој е следен со помош на висока технологија и разузнавачки информации и не може да побегне.
Претходно, портпаролот на полковникот Муса Ибрахим изјави оти Гадафи не ја напуштил Либија и е во добра физичка и духовна состојба.