Лион, 9 септември 2011 (МИА) - Меѓународната полициска организација Интерпол издаде црвена наредба за апсење на Моамер Гадафи, за неговиот син Сеиф ал Ислам и неговиот зет Абдула ас Сенуси, кој беше началник на разузнавањето.
По тројцата веќе е издадена наредба за апсење од Меѓународниот кривичен суд.
- Со црвената наредба за апсење значително ќе се ограничат можностите тројцата да ја преминат границата и ќе биде важно средство, кое ќе ни помогне да ги откриеме и уапсиме, изјави Роналд Ноубл, генерален секретар на Интерпол, чие седиште е во Лион.