Хјуман рајтс воч: Во западна Либија откриена масовна гробницаКаиро, 14 септември 2011 (МИА) - Вкупно 34 тела се ексхумирани од една масовна гробница во западниот дел на Либија, соопшти вечерва организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч.
Во соопштението на организацијата се наведува дека се претпоставува оти телата им припаѓаат на лица убиени од силите лојални на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи.
Жртвите биле егзекутирани на почетокот на јуни пред силите на Гадафи да се повлечат од реонот на планината Нафуса, наведува Хјуман рајтс воч.
Претставник на организацијата изјави дека убиените најверојатно биле уапсени во нивните домови во реонот на Кавалиш или на главниот контролен пункт во областа.
- Гробницата содржи докази дека силите на Гадафи вршеле масовни егзекуции во обид да го задушат бунтот, потенцира претставникот на Хјуман рајтс воч.
Жртвите, најголемиот број повозрасни лица, биле со раце врзани на грбот и со превез преку очите.
|