За седуммилијардити жител на Земјата прогласи новороденче од Индија

Њу Делхи, 31 октомври (МИА) - Наспроти одлуката на Фондот на ОН за население (УНФПА) со која Пјотр Алексеевич Николаев, кој се роди денеска две минути по полноќ во рускиот град Калининград, е прогласен за седуммилијардити жител на планетата Земја, невладината организација „План интернешанл“ оваа „титула“ му ја додели на едно девојче од Индија.



Според „План интернешанл“, седуммилијардитиот жител на Земјата е девојче од најбројната индиска сојузна држава Утар Прадеш, која се родила денеска во 1:50 часот по Гринич. Малата Наргис е родена во селото Мал, кое се наоѓа на 30 километри од главниот град на Утар Прадеш, Лакнау.

„План интернешанл“, невладина организација со седште во Лондон кој се бори за заштита и помош на децата, соопшти дека следела седум бремени жени што требало да се породат денеска, но дека на крајот решила за седуммилијардити жител да го прогласи новороденчето од Индија, која е меѓу водечките земји во светот според стапката на наталитет. 

Индија во моментов има 1,2 милијарди жители со што е втора по борност земја во светот по Кина, која се очекува да ја надмине до 2025 година, имајќи ја предвид кинеската политика на едно дете и намалениот природен прираст. Милијардитиот Индиец се роди во 2000 година.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...