Скопје, 31 октомври 2011 (МИА) - Два града во Русија денеска соопштија дека се родното место на седуммилијардитиот жител на планетата Земја.
Станува збор за Петропавловск-Камчатски и Калининград, најисточната и најзападната точка на Руската Федерација. И во двата града се надеваат дека раѓањето на седуммилијардитиот жител ќе биде потврдено од претставници на Обединетите нации.
Пјотр Алексеевич Николаев, кој се роди денеска две минути по полноќ во рускиот град Калининград, риските медиуми првично го прогласија за седуммилијардити жител на планетата Земја. Новороденчето е долго 50 сантиметри и тешко 3,6 килограми. Преставници на ОН денеска на мајката на малиот Пјотр ќе и врачат официјален сетификат насловен „Роден на денот на седмата милијарда“.
Властите во Петропавловск-Камчатски пак соопштија дека синоќа 19 минути по полноќ, по локално време, се родило момчето Александар, кое според нив е вистинскиот седуммилијардите жител.
И двата града се надеваат дека раѓањето на седуммилијардитиот жител ќе биде потврдено од претставници на Обединетите нации.
Филипини пак беа првата држава која денеска го прогласи доаѓањето на свет на седуммилијардитиот жител на Планетата. Станува збор за женско бебе од 2,5 илограмиг по име Даника Меј Камачо, за чие раѓање на полноќ бурно известуваа медиумите во Манила.
Од друга страна, невладината организација „План интернешанл“ „титулата“ седуммилијардити жител на планетата Земја му ја додели на едно девојче од Индија. Според „План интернешанл“, седуммилијардитиот жител на Земјата е девојче од најбројната индиска сојузна држава Утар Прадеш, која се родила денеска во 1:50 часот по Гринич. Малата Наргис е родена во селото Мал, кое се наоѓа на 30 километри од главниот град на Утар Прадеш, Лакнау.
„План интернешанл“, невладина организација со седште во Лондон кој се бори за заштита и помош на децата, соопшти дека следела седум бремени жени што требало да се породат денеска, но дека на крајот решила за седуммилијардити жител да го прогласи новороденчето од Индија, која е меѓу водечките земји во светот според стапката на наталитет.
Во светот денеска се родија околу 139.000 бебиња, се вели на сајтот wolrdmeters.com, според кој, треба да се родат уште 83.000 бебиња за светската популација да достигне бројка од седум милијарди.
ОН соопшти дека нема официјално да го идентификува местото на раѓање на седуммилијардитиот жител со образложение дека тоа не е повод за славење, туку за сериозно размислување за иднината на планетата Земја.
Според статистиката на ОН секоја секунда во светот се раѓаат по две деца и поради тоа невозможно е да се утврди местото и раѓањето на седуммилијардитиот жител на планетата Земја.
По повод раќањето на седуммилијардитиот жител на Планетата, Фондот на ОН за население (УНФПА) денеска официјално ќе го претстави својот „Светски извештај за населението на Земјата“.
УНФПА во својот извештај предупредува дека демографскиот притисок претставува голем предизвик во борбата за намалување на сиромаштијата и за зачувувувањето на животната средина.
Специјализираните агенции на ОН проценуваат дека доколку продолжи сегашниот тренд на пораст на популацијата, планетата Земја до 2100 година ќе има 10, а можеби и 15 милијарди жители.
Пред 2000 години, светското население броело 300 милиони луѓе, а во 1800-та околу милијарда. Втората милијарда жители беше евидентирана во 1927 година, а третата во 1959. Четири милијарди жители Земјата имаше во 1974, а во 1987 година ја достигна бројката од пет милијарди. Шестмилијардитиот жител беше регистриран во 1999 година.
Секоја година светското население се зголемува за 80 милиони, а околу 43 отсто од вкупната свестка популација отпаѓа на лица помлади од 25 години.