Кој му помагал на Саади Гадафи?

Лондон, 31 октомври 2011(МИА) -  Саади Гадафи, еден од синовите на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, пребегнал во Нигер, благодарејќи на помошта што ја имал од екипа од десетина телохранители, поранешни специјалци на силите на Австралија и Нов Зеланд, пишува „Дејли телеграф“, повикувајќи се на сведочењето на Гери Питерс, еден од луѓето што учествувале во оваа операција.

Kaко што јави дописникот на МИА од Лондон, според Питерс, кој е Австралијанец што сега живее во Канада, во извлекувањето на Саади Гадафи учествувале и телохранители од уште некои други земји. Тој открива дека синот на Гадафи сакал да се префрли во Канада или во Мексико, каде има имот и вложено пари.

Саади Гадафи се соочува со можноста да биде екстрадиран од Нигер, како и со обвинување од Меѓународниот кривичен суд, кој тврди дека „има докази добиени од либиски сведоци“ за неговото учество во „тероризирање на цивилното население“. Канадските власти го предупредија овој син на Гадафи дека доколку допатува во Канада, веднаш ќе биде уапсен.

Тројца од синовите на полковникот Гадафи беа убиени во текот на воената интервенција врз Либија. Саиф ал-Араб беше убиен при бомашките напади на силите на НАТО врз Триполи, Камис беше убиен при ракетен напад, додека синот Мутасим беше ликвидиран, заедно со својот татко Моамер Гадафи од бунтовничките сили, во градот Сирт, откако претходно беа заробени.

Трите други деца на Гадафи, синовите Мохамед и Ханибал, како и ќерката Ајша, заедно со нивната мајка Сафија, пребегнаа во Алжир, додека Сеиф ал Ислам, поранешен дипломец на Лондонската школа за економија, се претпоставува дека се крие некаде во пограничната зона меѓу Нигер и Алжир.

Австралијанецот Питерс тврди дека Саади Гадафи не е таков каков што го прикажуваат, ниту е виновен за злосторствата што му се припишуваат, инсистирајќи дека тој не бил вклучен во политичките и воените работи на земјата. Питерс открива дека сите преживеани деца на Гадафи се „мошне гневни и решени да се одмаздат“, како и дека се уште поседуваат доволно пари за да го направат тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...