Париз, 31 октомври 2011 (МИА) - Палестинците добија статус на полноправен член на УНЕСКО.
Одлуката за доделување полноправно членство беше донесена денеска на 36-та сесија на Генералното собрание на УНЕСКО.
САД, Канада и Германија гласаа „против“ палестинското членство. Бразил, Русија, Кина, Индија, Јужна Африка и Франција го поддржаа. Велика Британија беше воздржана.