Без полковникот - секој против секого

Официјалното седиште на новата либиската Влада, се’уште е во Бенгази, а не во главниот град Триполи. Тоа е чудно, со оглед на фактот дека во Триполи веќе подолго време не се водат борби.

Пред помалку од еден месец на странските медиуми во либиските престолнина им беше претставен еден неочекуван Врховен совет за безбедност (ВСБ).

Раскошен спектакл по презентацијата се одржа во стара сала на Кралската палата во Триполи, бидејќи ВСБ беше официјален одговор, кој локалните власти во Триполи го дадоа на Преодниот национален совет од Бенгази, не како што сугерира зборот „национален", за олицетворение на националната власт, туку само олицетворение на власта во Бенгази, пишува италијанскиот весник "Ла Стампа", пренесува Нетпрес.

Во веќе ослободената либиска престолнина токму со претставувањето на ВСБ беше означен почетокот на борбата за наследување на Моамер Гадафи. Иако во тоа време Гадафи се’уште беше жив и даваше знаци за отпор.

Преодниот национален совет беше основан во март во Бенгази и тоа беше првото дејство на либиската револуција. Потоа, цело тоа време, Советот делуваше, давајќи израз на политичките и социјалните сили и трендови, кои означија почеток на нападот против Гадафи во источните либиски провинции.

Сега новата либиска власт треба да ја надмине поделбата меѓу Бенгази и Триполи и тоа ќе биде првиот фактор за успехот на неизбежниот процес на национално помирување во Либија.

Поделбата меѓу Бенгази и Триполи, или, поточно, конкуренцијата помеѓу нив, се премолчуваше за време на борбата за ослободување на Либија.

Новите либиски лидери, кои ја водат земјата во првите денови од нејзината слобода, јасно сфаќаат дека е потребно надминување на поделбата меѓу Триполи и Бенгази.

Но, тие знаат исто така дека нема да биде лесно да се задоволат сите очекувања, бидејќи разликите меѓу Триполи и Бенгази се поврзани пред се’ со самата власт, како и со социјалните сили и со економските интереси, кои предизвикуваат неверојатни апетити по 42 години во кои либискиот народ беше целосно изолиран од власта.

Обидите за создавање на режим од доверба во Либија му се доверени сега на претседателот на Преодниот национален совет, Мустафа Абдул Џалил, кој по професија е судијата, а беше министер за правда во владата на Гадафи, пред да премине на страната на бунтовниците.

Џалил е почитуван поради својот морал и интегритет. Тој е убеден националист, кој внимателно ги извршува обврските што произлегуваат од муслиманската вера. До овој момент Џалил успеа да ја одигра својата улога како либиски обединувач.

Човекот, кој денес е до Џалил, ги почитува и имплементира одлуките на Советот и ја врши должноста на либиски премиер, е Махмуд Џибрил.

За разлика од Џалил кој е умерен, Џабрил е политичар кој сака да дејствува брзо и одлучно. Врз основа на своето професионално искуство зад граница, Џабрил е убеден дека само еден систем на слободен и отворен пазар може да го развие потенцијалот на Либија, кој таа го должи на нафтените богатства.

Неслучајно Министерството за нафтата е доверено на друг ослободител на Либија, кој до неодамна беше дел од либиските дијаспора - Али ал Тархун - економист со долгогодишно професионално искуство во САД.

Она што е сега потребно е да се креира соодветен начин на управување на земјата кој ќе овозможи експертиза и професионално застапување на националните интереси на земјата кон демократските процеси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...