ЕУ воведе нови санкции против Сирија

Брисел, 14 ноември 2011 (МИА) - ЕУ денеска воведе нови санкции против Сирија, настојувајќи да изврши притисок врз режимот на претседателот Башар ал Асад, а од ОН побара да преземе акции за заштита на цивилите.

Санкциите се однесуваат на 18 Сиријци, главно воени претставници, на кои им забрането патување и издавање визи, додека нивниот имот ќе биде „замрзнат“ и оневозможена било каква трговија. Имињата на овие лица ќе бидат познати откако ќе се објават во службениот весник на ЕУ за еден или два дена.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на состанокот во Брисел, исто така, одлучија да и оневозможат на Сирија натамошен пристап до фондовите на Европската инвестициска банка.

Со санкциите на ЕУ сега се опфатени вкупно 74 Сиријци и 19 организации, во обид да се натераат властите во Дамаск да ги прекинат крвавите пресметки со противниците на режимот на Асад.

Според проценките на ОН, од средината на март во антивладините протести во оваа земја се убиени речиси 3.500 луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...