Што е всушност „АСТА“? Дознајте ги клучните детали од Анонимус: Европскиот парламент е последната пречка на „АСТА“ и Хактивистите најавија војна на тие кои ќе се обидат да го цензурираат интернетот.
„Информирајте се и делувајте, бидејќи наскоро ќе биде предоцна“, е порака од хактивистичката група Анонимус, која најави борба против АСТА (Anti-Counterfeiting Trade Agreement).
Малкумина всушност сфаќаат што е всушност „АСТА“ и каква опасност претставува тој договор. Тоа не е случајност; „АСТА“ е конципирана така да биде многу нејасна и договорена во тајност, со цел граѓаните да не сфатат како е осмислена и со цел за елиминација на основните човекови права.
„Вистинската цел на „АСТА е да го уништи интернетот каков што го знаеме и да ви ја одземат слободата“, порачуваат Анонимус. Имено, „АСТА“ може да се интерпретира на повеќе начини. Тие кои се обидуваат да го воспостават тој договор ќе ве убедуваат дека се работи за бениген договор чија примарна цел е да се заштити индустриското производство од пиратските производи.
Но, малку поинаквата интерпретација таа од која се плашат од Анонимус, ја претвора „АСТА“ во интернетски „Killswitc“ - прекинувач за гаснење, т.е. цензура на World Wide Web. „Најголемата лага која некогаш е изговорена е дека секоја земја која ќе го ратификува договорот „АСТА“ ќе може сама да бира како ќе ги интерпретира одредбите од договорот“, порачуваат Анонимус.
Од тоа стравува и Дејвид Маер, автор на ЗДНет, кој веќе подолго време го следи развојот на „АСТА“. Како прво, Маер истакнува дека „АСТА“ се уште никаде нема законска тежина. Да дојдат до тоа, државите кои го потпишале тој договор мора пред се да го ратификуваат во своите парламенти. За подрачјето на ЕУ тоа ќе го направи Европскиот парламент.
Целта на „АСТА“: Да се прекине „широкопојасната дистрибуција“
Маер предупредува дека „АСТА“ предвидува затворски казни и парични казни за сите кои ќе се впуштат во пиратска дејност, како и за тие кои им помагаат во тоа. Посебно е проблематичен чл. 27 од овој договор, во кој стои дека ќе се санкционира секоја широкопојасна дистрибуција („widespread distribution“) на производи заштитени со авторски права.
„Широкопојасната дистрибуција е основна карактеристика на интернетот“, предупредува Маер. Во пракса, тоа може да се протолкува на следниот начин: ако сте поставиле песна која не ви припаѓа на ЈуТјуб, значи сте го прекршиле законот. Ако сте поставиле слика која не ви припаѓа на Фејсбук, сте го прекршиле законот. Апсурдот не застанува само на тоа: со ратификацијата на „АСТА“ казнено дело станува дури и дистрибуција на легална технологија која може да се користи со цел за пиратерија.
За слободата на интернетот важен е и чл. 8. на „АСТА“, кој на државата и дава овластување за спроведување на цензура, т.е. и наметнува должност за елиминирање на интернетски страници кои ги кршат авторските права. Сопствениците на таквите страници воедно ќе мора да платат оштета на тие на кои го прекршиле copyright. Меѓутоа, „АСТА“ не ја дефинира висината на оштетата, туку остава на надлежна правосудна институција да процени колкава е штетата што е направена.
Зошто документите се тајни?
„Како и сите други меѓународни договори, „АСТА“ мора да се толкува во согласност со Виенската конвенција од 1969 година. Членот 32 од Виенската конвенција вели дека ако било кој дел од некој договор е двосмислен, мора да се толкува во согласност со документацијата која била користена при изготвување на истиот. Документацијата која била користена при составување на „АСТА“ е тајна и никогаш не била достапна на јавноста“, велат Анонимус.
Од Анонимус тврдат дека ниту еден модерен договор никогаш не бил таинствен. Дел од документите кои биле користени при составување на „АСТА“, „ги набавила“ екипата на Викиликс, тврдат од Анонимус. „Содржината на тие документи ја смрзнуваат крвта во вените“, тврдат од Анонимус.
Европскиот парламент е последна пречка за „АСТА“
Последната пречка на патот на “АСТА“, тврди Анонимус е Европскиот парламент кој за ратификацијата на “АСТА“ ќе расправа во јуни оваа година. „Ако Европскиот парламент го ратификува „АСТА“, ќе биде крај на светот каков што го познаваме. Вашите слободи полека ќе исчезнуваат. Вашиот интернет постепено ќе се претвора во контролиран, цензуриран канал преку кој ќе ви биде достапна само содржина продуцирана од страна на неколку компании“, тврдат Анонимус.
„АСТА“ е декларација на војна против секој човек, жена и дете на планетата. Ако сте политичар и го браните „АСТА“, виновни сте за предавство на највисоко ниво и така ќе ве третираме. Ќе го победиме договорот „АСТА“. Нема да не замолчите. Ќе излеземе на улиците. Ќе ги заземеме своите влади. Ние сме Анонимус. Ние сме легија. Ние не простуваме. Ние не забораваме. Очекувајте не“.
vijesti.hr