Вашингтон, 3 септември 2012 (МИА) - Двајцата кандидати за претседателската функција во САД се веќе со еднакви шанси, се вели во резултати од анкета на Ипсос/Ројтерс. Според анкетата, 45 отсто гласачи ќе го поддржат на 6 ноември Обама, односно 45 отсто ќе гласаат за Мит Ромни.
Обама водеше пред Ромни со 46 спрема 42 отсто во анкетата на Ипсос/Ројтерс пред една недела. Изедначениот резултат е индикација дека конгресот на републиканците од минатата недела во Тампа, Флорида дал мала предност на Ромни.
Социолози очекуваат водство во анкети на Обама откако в четврток официјално ќе ја добие номинацијата од својата партија по конгресот во Шарлот, Северна Каролина. Според анкетата, Ромни е пред Обама со 33 спрема 28 отсто кај неопределените гласачи.