Уште четири години?

Претседателот кој имаше трнлив прв мандат, сега треба да смисли убедлив начин да го добие вториот мандат.

Пред четири години во Денвер, инспиративниот претседателски кандидат најави дека ќе ја промени Америка. Барак Обама вети дека ќе ги стави настрана партиските поделености, ќе ја обнови надежта за оние без работа, ќе почне со процесот на спасување на планетата од глобалното затоплување, и повторно ќе ја направи Америка горда.

Синоќа, Обама им се обрати на неговите колеги демократи на конвенцијата во Шарлот, Северна Каролина, со малку завршено од неговата ветена агенда. Уште три милиони Американци останаа без работа отколку пред четири години, а националниот долг е повисок за 5 трилиони долари. Меѓуполитичката поделеност е поголема од кога било  претходно: реформите во здравствената заштита, која во основа е импресивно достигнување, стана базичната причина за разидување. Бизнисмените се поделени околу тоа дали тој го сака капитализмот или е безмалку рамнодушен кон тоа. Неговите напори во врска со глобалното затоплување испарија. Позицијата на Америка во муслиманскиот свет не е поголема отколку во времето на Џорџ Буш. Иран останува опасен, Русија и Кина се уште се тврдоглави и покрај ветувањето за престројување, а затворот во Гвантанамо продолжува да постои.

Досега, без воодушевување.

Бранењето на постигнувањата на Обама се сведуваат на една фраза: можеше да биде и полошо. Тој наследи економија во слободен пад, благодарејќи на банкарскиот крах, а неговото спасување на производителите на автомобили во Детроит спречи втора депресија; се на се, тој заслужува преодна, ако не и доволна оценка за економијата. Соочен со опструкционистите републиканци во Конгресот, тој стори доволно за да протне се што предложи. Надвор тој чувствително ја калибрираше американската надворешна политика. Имаше и индивидуални триумфи, како што беше убиството на Осама бин Ладен.

Но ова не е доволно за предизвикувачкиот случај за реизбор, според гледиштето на овој весник или на американскиот народ. Повеќе од 60 отсто од гласачите сметаат дека нивната земја е на погрешен колосек. Одобрувањата за работата на Обама се под 50 проценти, скоро две третини од гласачите не се импресионирани (сепак премолчено) од тоа како тој се справува со економијата. Растргнат со тешкотии во владеењето, големиот реформатор стана претпазлив човек, опкружен со мала група советници. Кандидатот кој вети храбри решенија за најголемите проблеми во земјата се претвори во претседател кој не успеа да го поддржи својот план за намалување на дефицитот.

Кога се соочува со похаризматични кандидати од Мит Ромни или со помалку екстремна група од републиканците, Обама почнува да се повлекува. Фактот дека претседателот станал „негативен“ толку рано и толку недоверлив, покажува колку многу му требаат изборите за да се справи со слабостите на Мит Ромни наместо со неговите лични достигнувања. Човекот кој пред четири години ја подигна надежта, дојде во Шарлот со кампања која барем засега беше усмерена во укажување за стравот.

Обама мора да понуди повеќе од ова, барем од три причини. Прво, негативната кампања може да не успее. Републиканците се обединета маса со дрвен лидер: но постигнувањата на Ромни како бизнисмен и гувернер се импресивни, а неговиот истопартиец најавен за потпретседател, Пол Рајан, е наоружан со храбри идеи. Стратегијата на Обама се да обвинува заради опструкциите на републиканците, ќе предизвика многу гласачи да размислат.

Второ, дури и ако негативната кампања функционира, на реизбраниот Обама ќе му треба силата која доаѓа од убедлива агенда. Затоа што републиканците, кои ќе го контролираат конгресот, а можно е и сенатот, од него ќе направат мелено месо. И трето, не е само Обама тој на кого му треба план. И на Америка и треба. На нејзините финансии и нејзината влада и треба драстично надградување. Сигурно ли е дека овој харизматичен, мисловен човек има повеќе идеи околу тоа што мора да се стори, отколку што досега успеа да оствари?

Предизвикувачката опција ќе биде да ја галванизира базата во неговата партија, со разговори за повеќе реформи во здравството и со закани за повисоки даноци за бизнисите и богатите. Наместо да ја редизајнира владата, тој мора да им се додвори на синдикатите во јавниот сектор со ветувања дека работните места нема да се намалуваат. Наместо да крати од социјалните програми, тој мора да ги убеди повозрасните дека Америка може да ги оствари истите.

Таквиот пристап ќе се совпадне со матрицата за подолго претседателствување, како и на неговата досегашна кампања; но тоа може да ја претвори Америка во неуслужна, а тоа може да не му помогне ниту на Обама. Неговата победа во 2008 се потпираше врз приближување и вон групите кои традиционално гласаат демократски, и со вклучување на младите гласачи и побогатите белци. Повеќето од нив се центристи кои се сомнителни кон Ромни, но затоа што морат да ја подржат сметката на екстравагантната владата, и нема да гласаат за претседател кој повторно го ветува истото.

Приближување до радикалниот центар

Приближувањето до центарот не е задача на Обама. Неговите сојузници во левицата се моќни и, во земја која е толку поделена, средината може да биде опасно место. Но има многу нешта за кои двете страни од политичкиот спектар можат да се согласат, меѓи кои се и реформите за даноците и емиграцијата, инвестициите во школите и помош за бизнисите кои создаваат работни места. Најважно е Обама да може да објасни како ќе го скрати се уште растечкиот долг, без да се преправа дека оданочувањето само на богатите ќе помогне во оваа цел.

Обама цврсто верува во социјалната правда. Тоа е двигател на неговата реформа на здравствената грижа. Но тој мора да направи разлика помеѓу кредибилната желба да им се помогне на послабите и опасниот избор на јавниот наместо приватниот здравствен сектор. Работните места кои им се потребни на сиромашните Американци ќе бидат отворени од компании. Малите фирми со ограничени амбиции нема да им помогнат; Обама мора да повика да се сопре со таа перцепција, и да почне да прави нешто во врска со тоа. На најверните сопартијци во Шарлот можеби нема да им се допадне идејата за центризам. Но така ќе ги освојат гласачите кои на Обама му се потребни за победа и ако биде резибран, тие ќе му ја дадат силата во неговото справување со републиканците во Конгресот.

Владата во заминување секогаш стреми да ги добие претседателските избори, но оние кои претендираат за втор мандат можат и да разочараат. Остварувањата од првиот мандат на Обама покажуваат дека ако тој биде избран, тој ќе биде најизложената патка (за отстрел).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...