Како убива хемиското оружје?

Смртта на 1.300 луѓе во хемискиот напад на Сирија во близина на Дамаск, ги потврди заканите за постоење на смртоносен хемиски арсенал во таа држава.

Додека одамна постоеја сомнежи дека сирискиот режим поседува сарин, нервен агенс и иперит, сведоците на последниот напад велат дека состојбата во која настрадаа телата јасно укажуваат на употреба на хемиско оружје.

Еден од лекарите на теренот, Кхалид Махмуд, за агенцијата Анадолија рече дека отруените луѓе се обиделе да дојдат до воздух, дека повраќале и губеле свест, што се симптоми кои докажуваат дека биле изложени на сарин, нервен агенс.

Сарин е хемиско оружје кое најчесто се користи бидејќи е најсмртоносно. Го користеле нацистите за време на Втората светска војна во концентрационите логори, како и Садам Хусеин во 1998 година во нападот на Халаби, Ирак, кога беа убиени 5.000 луѓе.

Уште една причина поради која саринот е толку популарен е што тешко може да се идентификува, а неговата употреба тешко може да се докаже бидејќи нема ни боја ни мирис.

По само неколку секунди изложеност на сарин, жртвите чувствуваат болка во очите, солзење, слабост, повраќање, дијареа и аритмија на срцето, парализа, губење на дишните функции, а сите симптоми резултираат со смрт.

Иперитот е уште еден агенс кој, се верува, го поседува режимот во Сирија. Иако не е толку ефикасен како саринот, иперитот предизвикува иритација на очите, црвенило, горење, воспаление, дури и слепило, како и осип кој се претвора во жулеви на кожата. Симптомите вклучуваат течење на крв од носот, кивање, иритација на грлото, недостиг на воздух, кашлање, болка во синусите, абдоминална болка, дијареа, температура, мачнина и повраќање.

Иперитот бил користен во Првата светска војна.
Речиси е невозможно да се преземат мерки кои би ги спречиле ефектите од употреба на сарин и иперит.

Во средата Сириската национална коалиција објави дека најмалку 1.300 луѓе се убиени во нападот со хемиско оружје. За нападот го обвинуваат режимот на претседателот Башар ал Асад.

Сирискиот режим ги негира овие обвинувања.

Тим на ОН е моментално во Сирија каде ги истражуваат наводите за постоење и употреба на хемиско оружје.

Анадолија - Сараево



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...