Рим, 31 октомври 2013 (МИА) - Ватикан не бил предмет на прислушување на американската Агенција за национална безбедност (НСА).
- Ватикан не беше цел на НСА. Тврдењата дека НСА го прислушувал Ватикан, кои се објавени во италијанското списание „Панорама“ не се вистинити, изјави портпаролката на американската Агенција, Вани Вајнс.
Италијанското списание напиша дека НСА ги прислушувала и телефонските разговори на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесети. Весникот наведува дека меѓу 46-те милиони прислушувани телефонски разговори во периодот од 10 декември 2012 до осми јануари 2013 година биле и оние на високи претставници на Ватикан. Разговорите биле прислушувани и за време на Конклавата за избор на нов понтиф, по повлекувањето на папата Бенедикт Шеснаесети.
Ватикан соопшти дека немал сознанија за таквите активности на Вашингтон.