
Вашингтон, 7 февруари 2014 (МИА) – Американскиот претседател Барак Обама изјави синоќа дека за Русија е исклучително важно да спречи тероризам на Зимските олимписки игри во Сочи.
– Русите очигледно имаат огромен влог да спречат каков било терористички напад или насилство на тие места (каде се одржуваат игрите). Влоговите во тоа се големи ресурси, додаде тој во изјава за Ен-Би-Си.
Обама вели дека Вашингтон прави се што може за да помогне спортистите да се чувствуваат безбедно.
– Во постојана комуникација сме со нив (Русите) и на ниво на органи на редот, и на воено и на разузнавачко ниво, нагласи американскиот претседател.
Американската Влада забрани од вчера носење течности во рачен багаж на директни летови за Русија. Забраната следуваше откако американски официјални лица предупредија дека експлозив може да се прошверцува на летови за Русија во пасти за заби.