Вашингтон, 15 септември 2014 (МИА) - Неколку арапски држави се понудија да учествуваат во воените операции против припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД),изјавија неидентификувани американски функционери.
Овие извори,меѓутоа,инсистираат дека секоја,евентуално таква акција,ќе мора претходно да биде одобрена од ирачката влада.
Претходно,американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека е „исклучително охрабрен“ од ветувањата за воена подршка и за помош во борбата против ИД.
Изјавите на Кери и на американските функционери,на кои се повикуваат медиумите во Вашингтон. Доаѓаат пред денешната специјална конференција во Париз, посветена на безбедноста на Ирак и на ИД,како и по соопштението на Даунинг стрит 10 во Лондон,за тоа дека Велика Британија ќе направи „се што ќе биде потребно“ за да се најдат и казнат убијците на британскиот хуманитарец Дејвид Хајнес.
Во саботата Хејнс беше брутално убиен од припадниците на ИД,со отсекување на главата,на истиот начин како што пред него беа егзекутирани и двајцата Америкакци.Исламска држава вчера се закани дека ќе го убие и вториот Британец,Алан Хенинг,кого го држат во заробеништво.
Во Вашингтон е соопштено дека САД и Велика Британија се „рамо до рамо„ во плановите за пресметката со ИД.
Последен пат,ваквата формулација за американско-британската блискост, околу случувањата на Блискиот Исток беше употребувана во време на ирачката воена интервенција во 2003 година и тесните врски меѓу тогашниот претседател Џорџ Буш и поранешниот британски премиер Тони Блер.
Досега вкупно 40 земји,меѓу кои и десет арапски, застанаа зад американскиот план за пресметка со ИД,но засега не се знае кој, на каков начин учествува во коалицијата што ја предводи САД.
Белата Куќа соопшти дека државниот секретар Џон Кери,во „следните неколку денови“ ќе открие кои држави се понудиле за помош во операциите на теренот.