Не го сакаме Иран во борбата против ИД

Париз, 15 септември 2014 (МИА) - САД денеска ја отфрлија секоја можност за каква била соработка со Иран на воената коалиција предводена од Вашингтон, во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), но не исклучија одделни консултации со Техеран за ситуацијата во Ирак. 

Ова денеска го соопшти портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки како одговор на претходно објавеното соопштение на Твитер на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи, во кое тој одлуката на Вашингтон да создаде меѓународна коалиција против радикалните исламисти во Ирак и Сирија ја оцени како „лицемерна и за сопствени интереси“.

Тој го отфрли „предлогот на САД кон Иран“, додавајќи дека Американците сакаат да воспостават контрола врз реонот и да ги претворат Ирак и Сирија во она што е Пакистан, „каде вршат злосторства кога и да посакаат“.

Псаки призна дека претставници на Вашингтон и Техеран во јуни разговарале за кризата во Ирак за време на преговорите за иранската нуклеарна програма во Виена, потенцирајќи дека САД немаат воена координација со Иран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...