Ебола во САД: Има ли место за паника?

Точно седум дена откако на говорница на Собранието на Обединетите нации го повика целиот свет на ангажман во борба против еболата, претседателот на САД Барак Обама мораше да разговара со директорот на Националниот центар за контрола и спречување на разни болести Том Фриеден, за првиот случај на заболен од ебола на тлото на САД. Доктор Фриеден го убедуваше претседателот на Америка дека нема место за паника и дека забрзано се работи на утврдување со кого заразениот пациент бил во контакт.

Во обраќањето на американската јавност, доктор Фриеден рече дека воопшто не се сомнева дека целата состојба ќе биде под контрола и дека заразата нема да се прошири на САД. – Можно е некој кој бил во контакт со заболениот, можел да биде заразен со ебола, но воопшто не се сомневам дека се ќе се спречи на тоа ниво – објаснил првиот човек на американскиот Центар за контрола и спречување на заразни болести, кој потенцира дека САД се подготвени за борба против таа болест и имаат разиена инфраструктурак, која може да одговори ефективно и брзо.

Во оваа земја нема никаква паника од ширење на заразата и предизвикување на тешки последици, но има загрижености, што може лесно да се види преку активностите на социјалните мрежи со заедничка порака – се случи еднаш, може да се случи повторно.

Лицата во допир со заразениот

Заболениот пациент е изолиран во една болница во Далас, сојузна држава во Тексас. Кога пред една недела патувал од Либерија западна Африка, сеуште немал симптоми на таа болест, која не може да се забележи на друго лице се додека заразениот човек навистина не заболи од неа. Дури и тогаш се пренесува само преку излачувања на заболеното лице.

Тој човек не е прв пациент кој се лечи од ебола внатре во САД; но е прв на кого дијагнозата му е поставена на американско тло.

Во претходните три случаи се работи за лекари или хуманитарни работници, кои се инфицирале додека престојувале во Западна Африка, а во САД се префрлени за третман. Сите оздравеле од таа тешка заразна болест.

И покрај оптимизмот на експертите и лекарите, нема да биде лесно да се утврди со кого се во контакт било заболеното лице кое сега е во тексашката болница. Сите лица кои биле со него во контакт ќе бидат следени најмалку 21 ден за да се утврди дека немаат симптоми на таа болест.

Прашање е дали тогаш ќе се следат сите тие кои биле во допир со луѓето кои имале директен контакт со првиот заболен.

Не веруваат во вакцинација

Ако тоа мора да се направи, тогаш мора да се провери здравствената состојба на илјадници луѓе. Америка, секако не е Западна Африка, чии жители немаат ни основни услови за спречување и лечење на заразни болести, но секогаш постои можност да се случи нешто непредвидено или да се направи некоја грешка во целиот тој процес.

Што ако некое заразено лице дојде во контакт со тие кои не веруваат во вакцинација и во науката, кои сите ги оправдуваат со Божја волја?

Во оваа земја 42 отсто луѓе, според податоците на Истражувачкиот центар Галуп, спаѓаат во креационисти, значи тие христијански фундаменталисти кои сметаат дека Бог го создал човекот во сегашната форма пред 10.000 години и кои не веруваат во еволуција.
Многумина од нив ја отфрлуваат и помислата да ги вакцинираат своите деца, не веруваат во државата и на неа гледаат како на непотребен механизам на власт, која Американците ги контролира дури и преку вакцинациите.

Ако дојде до појава на ебола во такви средини, тогаш високо развиената американска инфраструктура не може да биде толку ефикасна како во другите средини.

Ал Џезира - Доха



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...