Санкциите од Западот се спротивни на меѓународното право

Владивосток, 14 ноември 2014 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази надеж дека земјите што имаат воведено санкции против Москва ќе сфатат дека тие предизвикуваат штета на меѓународните економски односи. 

- Ова е штетно и секако дека предизвикува штета не само на нас, туку и на САД, бидејќи со тоа се поткопува целокупниот систем на меѓународни економски односи, изјави Путин во интервју за агенцијата ТАСС пред заминувањето на Самитот на Г-20 во Бризбејн, во Австралија. 

Путин, исто така, изрази надеж дека санкциите ќе останат минато. - Се надевам дека конечно во ова ќе надвладее разумот, а минатото ќе биде минато, изјави Путин. 

Според него, санкциите воведени кон Русија се во спротивност со принципите на Г-20 и не само на нејзините принципи, туку се спротивни и на меѓународното право, бидејќи може да бидат воведени само преку Советот за безбедност на ОН. 

Путин нагласи дека санкциите на Западот се во спротивност со принципите на Светската трговска организација (СТО) и Договорот за царини и трговија (ГАТТ). 

- САД ја создадоа организацијата СТО, а сега сурово ги кршат нејзините принципи, тврди рускиот претседател. 

Рускиот претседател Владимир Путин, меѓу другото, истакна дека прашањето за санкциите нема да го отвора на самитот на светските лидери во Бризбејн. 

- Ако оваа тема се отвори, јас секако ќе одговорам, но нема сам тоа прашање да го предложам за дискусија. Како што гледам, тоа би било бескорисно, нагласи Путин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...