Авторот на “Ндарја“: Молитва не е иста песна

Композиторот на албанскиот хит “Ндарја“, Македонецот, Марјано Филиповски-Маки, вели дека овој хит има сличности во неколку компоненти со српската композиција, победничка на Евровизија, “Молитва“ но оти не станува збор за исти песни, односно за плагијат, пренесува тиранската телевизија Топ-канал, јави дописникот на Нетпрес.

Албанската пеачка Сони Малај, која песната “Ндарја“ (Разделба) ја пееше на тиранскиот фестивал “Топ фест 2006“ за истата телевизија, изјави дека “можам да речам дека мојата песна и онаа српската се две мелодии од ист жанр, со ист тоналитет и имаат слична музика“, додавајќи дека рефренот на српската мелодија е многу сличен на оној на “Разделба“.

Телевизијата пренесува и изјава на продуцентот на песната “Молитва“, Саша Мирковиќ, дека не добил никаква официјална реакција од централното жири на “Евровизија“.

Можете и сами да се уверите (барем ќе ја видите најубавата албанска пејачка):



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кај падна сега ова
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download