Шестото продолжение на познатиот волшебник „Хари Потер и полукрвниот принц“ набиен е со секс, дрога и реконрол, изјави главниот актер Даниел Редклиф, споредувајќи делови од филмот со култниот филм „ Trainspotting“.
„Во книга очигледно дека нема секс, се е во симболи, но постои голема сексуална енергија и паралели со дрогата. Имаме неколку, како што вели режисерот, „Trainspotting“ моменти. Тоа се два филма кои мислев дека никогаш нема да ги спомнам во иста реченица. Постои голем баланс. Полесните делови се полесни од претходно, а мрачните се екстремно мрачни“, изјави Даниел Редклиф.
Хари Потер на шестата година на Хогворст се занимава со тајната книга која му припаѓа на полукрвниот принц. Рон ќе пронајде нова девојка, која ќе ја полудува Хермиона. Хари сфаќа дека се вљубува во сестрата на неговиот најдобар другар, во Џини Визли, која веќе имам момче.
Премиерата на филмот се очекува во ноември годинава.