|
|
Крис Браун призна и избегна затворска казна
Американскиот R&B пејач Крис Браун вчера пред судот во Лос Анџелес призна дека е одговорен за нападот на поранешната девојка, поп ѕвездата Ријана, а во договор со тужителите тој доби пет години условен затвор. Изведувачот на хитовите „Run it“ и „Kiss Kiss“ покрај условната затворска казна, доби и 180 часа работа за локалната заедница во Вирџинија.
Дваесетгодишниот пејач, кој се извини на сослушувањето е обвинет за физички напад над Ријана кој се случи на 8 февруари, оваа година.
- Господине Браун мислам дека најдобро ќе биде да си ја сфатите грешката што сте ја направиле, а за да имате одговорност ќе мора да работите општо корисна работа, изјави судијката Патрициа Шнег.
Освен двете казни, Крис доби и забрана за приближување до Ријана и зависно од условите тој од пејачката ќе мора да биде оддалечен од 10 до 50 метри.
|
|
|
|
|
|
Наjновo од Забава |
|
|
|
|
|
|
Пребарување
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|