Извор на порталот TMZ тврди дека по смртта на Мајкл Џексон во неговата куќа е најден Propofol, јак анестетик кој се користи за потполна анестезија пред операција. Се работи за екстремно јак лек кој е достапен исклучиво на медицински лица.
- Не постои легален и правилен начин за тој медикамент се користи дома, изјави изворот за TMZ.
Џексон наводно го користел Propofol како лек против несоница, а болките кои ги трпел ги ублажувал со Lidocain, средство кое е пронајдено покрај неговиот кревет.
Консумирањето на Propofol може да предизвика застој на срцето, а опасноста е поголема ако тој опасен лек се комбинира со средства против болки.
TMZ пронајде и неименувана медицинска сестра која тврди дека самиот Џексон од неа барал да му набави Diprivan (едно од уличните имиња за Propofol), но таа наводно го одбила.
Според последните информации, ако се открие личноста која го снабдувала Џексон со Propofol ќе биде обвинет за убиство.
Во меѓувреме, членот на Black Eyed Peas, Вил Ај Ем откри дека Мајкл работел на нов денс албум кој требал да излезе по турнејата.
- Тоа ќе беше нешто надвор од неговиот свет. Новиот материјал е нешто што Мајкл никогаш не го работел порано. Бев многу горд на нашата соработка. Џексон беше многу внимателен и не сакаше никој да слушне што подготвува, изјави Вил.
Пејачот на популарната група се надева дека материјалот ќе биде издаден и дека сите обожаватели ќе може да слушнат што „Кралот на поп музиката“ подготвувал во последно време.
- Целата ситуација е многу тажна. Тој беше мој многу драг пријател и најголема инспирација во мојот живот. Ќе ми недостасува, додаде Ем.
Во меѓувреме, претседателот на САД, Барак Обама (47), исто така изрази жалење за смртта на Џексон.
- Претседателот напиша писмо до семејството на Џексон во кое го изрази своето големо сочувство и ги сподели своите чувства, соопшти советникот во Белата Куќа, Дејвид Акселрод.
Во меѓувреме, американските медиуми соопштија дека за време на пробите Џексон снимил 11 песни, кои најверојатно ќе бидат ставени на DVD издание.