Porsche Cayman како роденденски поклон

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, одлучи да ја изненади својата девојка, атрактивната пејачка на поп групата Pussycat Dolls, Никол Шерцингер за нејзиниот роденден.

Хамилтон за нејзиниот 31-ви роденден и купил нов црн Porsche Cayman, вреден повеќе од 80.000 фунти.

- Никол отсекогаш сакаше да вози Porsche и Луис реши да ја изненади. Тоа е одличен поклон за нејзиниот роденден, изјави извор близок до парот.

Кога веќе на Хамилтон не му оди во Формула 1 (11 место во вкупниот поредок во Светското Првенство со само 9 бодови од 8 трки), барем е успешен во љубовта во која очигледно дека не штеди и покрај економската криза.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Море ама водител...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download