Познатиот интернет портал TMZ го објави тестаментот на Мајкл Џексон кој пред некој ден беше предаден во надлежност на судот во Лос Анџелес.
Мајкл Џексон побарал старателство на неговите три деца да биде доверено на нивната баба Кетрин, а во случај кога мајката на кралот на поп музиката умре или пак биде неспособна да ја извршува должноста, како заменски старател е наведена пејачката Дијана Рос.
Богатството на Џексон е проценето на дури 500 милиони долари. Најголем дел од богатството на Џексон е во недвижности, уметнички дела, како и музички права, со кои во моментов управува компанијата Sony/ATV.
Џексон целиот свој имот го остава на своето семејство. Имиња не се наведени во писмото, ниту пак се именува кој е управител на Фондот на семејството Џексон. Според последните шпекулации, Мајкл Џексон уште во 2002 година се назначил себе си за управител на фондот. Засега не се знае кој ќе ја преземе оваа функција.
Како помошни извршители се наведени Џон Бранка, Џон Мекеин и Бери Сигел. Бранка е долгогодишен адвокат, Мекеин е долгогодишен пријател, а Сигел бил сметководител на популарниот пејач, кој во 2003 година се откажал од своите права и обврски како извршител.
Целиот тестамент на Џексон