Влезниците за 10-от музички фестивал „Exit“, што ќе се одржи од 9 до 12 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија наменети за земјите од регионот на Југоисточна Европа веќе се распродадени.
Од почетокот на продажбата досега се продадени над 20.000 влезници вон Србија. Посетителите од регионот се уште можат да ги најдат билетите на официјалните продажни места во Србија.
„Exit“ оваа година бележи големо интересирање и надвор од границите на Србија. Влезниците за десеттиот Егзит во моментов се најпродавани во Велика Британија, а има и заинтересираност од Австралија и Северна Америка.
На годинашниов „Exit“на 25 бини ќе настапат Лили Ален, Пети Смит, Аrtic Мonkeys, Manic Street Preachers, Кorn, Kraftwerk, Моби, Тhe Prodigy, Madness, Карл Кокс, Ричи Хоутин, Саша...