Мајкл не бил геј, имал девојка?!

Семејството на Мајкл Џексон ги разочара илјадниците фанови на кралот на поп музиката откако одлучи да ги затвори вратите на Neverland. Телото на Мајкл денеска треба да биде донесено на неговиот имот и од него ќе може да се простат само роднините и најблиските пријатели. Семејството не објави каде ќе биде погработ, но таа информација наскоро треба да биде објавена. Сигурно е само дека Мајкл нема да биде закопан до следната недела. Се шпекулира дека погребот може да биде одржан во Стејплс Центарот во Лос Анџелес поради многуте обожаватели кои сакаат да се простат од пејачката ѕвезда.

Мет Фрид кој десет години работел како телохранител на Џексон, во ексклузивно интервју за Sky News ги демантираше наводите дека славниот пејачот бил хомосексуалец. Мет откри дека Мајкл имал тајна девојка со која често се среќавал, но сепак не сакал да и го открие идентитетот во медиумите.

- Не сакам да откријам која е таа девојка, но мислам дека и неговото семејство е свесно дека таа беше посебна личност во животот на Мајкл. Тој многу ја сакаше и со неа ги делеше сите успеси и падови во кариерата. Не знам колку време беа заедно бидејќи нивната врска имаше прекини и смирувања. Нека одлучи таа или пак семејството на Џексон дали ќе се открие во јавност, изјави Фрид кој во Британија има синџир од школи за боречки вештини.

Мајкл го запознал својот телохранител и со неговиот долгогодишен пријател Ури Гелер (62). Мет тврди Гелер често се обидувал да го спречи Џексон да ги зема лековите за кои сега се тврди дека се причинители на смртта на пејачот.

- Никогаш лично не сум го видел како Мајкл зема лекови, но знаев дека тоа го прави. Ури и јас честопати наоѓавме лекови кои ги фрлавме и не му дозволувавме да ги зема. Сепак, Мајкл им веруваше на лекарите кои упорно му ги препишуваа, иако знаеја што му прават. Јас и Ури чувствувавме дека нашите совети и зборови се одбиваат од ѕид. Сметам дека лекарите ја имаат крвта на Мајкл на своите раце. Тие точно знаеја што прават и беа свесни за тоа дека Џексон не може да ги издржи тие лекови. Неколкупати тој ни се дереше да не му се мешаме во животот и во неговата приватност, раскажа Мет и додаде дека тој не верува во педофилските тужби против Мајкл и додаде дека пејачот бил неизмерно наивна и добра личност која не можела на никој лошо да направи.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Авионче бело крило
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download