Од страв Џони Деп не се гледа во огледало

Еден од најзгодните актери во Холивуд Џони Деп не може да се гледа во огледало и мрази да ги гледа своите филмови.

- Не сакам и не се гледам во огледало. Единствено мора да се погледнам кога мијам заби и тоа е единствениот дел од денот кога си го гледам ликот. Одбегнувам огледала бидејќи ми предизвикуваат чудно чувство на страв. Освен тоа што не се гледам во огледала, мразам и да се гледам на филм, па поради тоа најчесто одбегнувам да ги гледам моите филмови, изјави Деп.

Ѕвездата од „Pirates of the Caribbean“ ја откри и тајната на неговиот убав изглед. Деп обично ужива во својот дом и апстинира од алкохол и цигари.

- Ха, ха не знам зошто сите ме сметаат за секс симбол. Јас сум семеен човек кој ужива да биде со своето семејство. Се трудам да не пушам цигари и да не пијам алкохол, рече Деп.

Популарниот актер кој го играше ликот на Џон Дилингер во филмот „Public Enemies“ додаде дека духот на озогласениот криминалец го посетил за време на снимањето на филмот.

- Беше магично да се чекори по чекорите кои ги изодел Џон. Едноставно можев да ги осетам чувствата. На моменти го чувствував неговото присуство, рече Деп.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Море ама водител...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download