Актерот Метју Меконахи се наоѓа под постојан притисок да стапи во брак со својата девојка Камила Алвес, која што е трудна по втор пат. Нивните мајки сакаат парот да ја официјализира својата врска пред на свет да дојде второто дете.
Меконахи кој веќе има едно дете со манекенката Алвес, на денот на таткото објави дека неговата партнерка повторно е трудна.
-И двете мајки се воодушевени, но се прашуваат што ќе биде со плановите за свадба. Тие се надеваа дека по раѓањето на малиот Леви минатиот јули, ќе има свадба. Но до сега нивната желба се уште не се исполни., истакна близок извор за National Enquirer.
Родителите на Камила живеат во Бразил и доаѓаат од средина во која што луѓето прво се земаат па дури тогаш имаат деца, па затоа не има е јасно зошто парот се уште не сака да стапи во брак.