Саманта Гејмер вознемирена од веста за апсењето на Роман Полански

Саманта Гејмер, која беше силувана од Роман Полански, е вознемирeна од веста за притворањето на славниот режисер во Швајцарија, бидејќи тоа ја врати на насловните страни на медиумите, триесет години по нејзиното болно искуство, соопшти денеска нејзиното семејство.

Саманта го запознала Полански на едно снимање за познатото модно списание „Vogue“ во далечната 1977, кога имала 13 години.

Полански беше обвинет дека ја дрогирал Саманта и потоа ја силувал во куќата на својот пријател Џек Николсон во Холивуд.

Таа денес е мајка на три деца, работи како книговодителка на хавајскиот остров Кауиа и сака да го заборави целиот настан што и се случил пред повеќе од 30 години.

Незадоволна од начинот на кој се води целиот случај, таа во јануари побара од Судот во Лос Анџелес да прекине процесот против режисерот, бидејќи, како што наведе во образложението, истражните органи и судството и нанеле штета, не само нејзе, туку и на нејзините сопруг и мајка, а последици трпат и нејзините три деца.

- Веќе немам 13 години. Поминав преку сите тешкотии преку кои поминуваат жртвите, ги надминав и ги преболев сите освен една - секој пат кога случајот ќе се најде на суд, јас и моето семејство сме во фокусот на медиумите, а тоа искуство не е ниту малку пријатно, изјави Саманта, која своевремено го тужеше Полански и доби отштета, чиј износ досега не е соопштен.

Саманта во јануари 1997 година јавно му прости на Полански, сметајки дека платил за тоа што и го направил.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Паркинг место
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download