Иконата на мирот, Махатма Ганди, е една од омилените личности на поп пејачката Шакира.

За време на примањето на медалот на честа од Интернационалната организација за труд, поради промовирање на социјална правда, 33 годишната Шакира ги цитираше зборовите на Ганди.
-Махатма Ганди рече: Бидете промената која што сакате да ја видите во светот...Не е доцна да го исполниме ветувањето кон нашите деца, но мораме да дејствуваме веднаш. Заедно можеме да го направиме образованието и вработувањето реалност за секого, истакна Шакира.

Според нејзиниот веб сајт Шакира е голем почитувач на Ганди, а неговата позната реченица „ Бидете промената која што сакате да ја видите во светот “ е нејзино животно мото.