ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО 50 CENT
Ветувам вечер за паметење

Со 50 Cent телефонски разговараше Бојан Бошковски / ИДИВИДИ

ИДИВИДИ ексклузивно за македонските читатели направи интервју со најдобриот рапер на декадата (2000/2009) прогласен од страна на Billboard Magazine, 50 Cent. Познатиот хип хоп изведувач кој благодарение на Авалон Продукција ќе гостува во Скопје на 31 март во Арената Борис Трајковски, во ексклузивното интервју го открива својот живот пред да стане ѕвезда и несебично ги споделува своите најважни правила за животот на улицата и преживувањето. Еден од најбогатите музичари специјално за читателите на ИДИВИДИ ја открива тајната на својот успех и притоа искрено ја претскажува иднината на хип хоп музиката. Освен тоа, 50 Cent открива со кои три жени би имал секс без кондом, а ја кажува и вистината околу наводната секс снимка. Самиот ве поканува на неговиот концерт и ветува вечер за паметење!

Зошто Куртис Џејмс Џексон III се нарекува 50 Cent? Кое е значењето на твоето уметничко име?

Па, кога настапувам како 50 Cent моето име се поврзува со моите животни одлуки и музиката што ја правам, а најсилиниот елемент на мојата музика е агресијата. Затоа, кога работам на филмски проекти под името Куртис 50 Cent Џексон луѓето би биле разочарани ако ликот што го играм не се карактеризира со истата агресија и истите манири.

Колку години имаше кога за прв пат ја почувствува суровата страна на животот? Може ли да ни кажеш нешто повеќе за твојот живот пред да станеш популарен?

Па, првата работа би била загубата на мојата мајка. Таа беше убиена кога имав 8 години. Морав да се преселам кај моите баба и дедо. Мајка ми беше едно од деветте деца на моите баба и дедо и јас морав да се преселам кај нив. Мојата најмлада тетка ја напушти куќата истата година во која јас се доселив бидејќи не и се допаѓаше идејата што јас се преселив таму затоа што до тогаш таа беше галена како најмала и одеднаш го изгуби тој статус, јас станав најмалото дете и тоа не и се допадна.

Дали навистина си бил ранет 9 пати?

Да, за жал тоа е точно (се смее), но сега сум во ред.

Дали животот на раперите виси на конец?

Па, нема голема разлика од животите на други луѓе. Можеби во возбудата и стилот на живот кој е сосема различен, но секој друг е во иста опасност. Знаете како велат, помоли се пред да одиш во продавница, но многу повеќе луѓе умираат во сообраќајни несреќи отколку во хип-хоп бизнисот.

Според 50 Cent, кои се најважните правила на животот на улица? Како гледате на уличниот живот?

Па, најважните правила би биле да си ја гледаш својата работа, да научиш да бидеш одговорен за своите постапки, да знаеш да процениш ситуација и се одлучиш дали сакаш да учествуваш во нешто или не. Значи, да бидеш сигурен во себе.

Дали можеш да го опишеш твојот однос со Еминем? Дали тој извршил влијание врз твојата работа и на кој начин? Што значат Еминем и Др. Дре за тебе?

За мене, Еминем и Др. Дре се луѓето коишто ми обезбедија најдобри можности да соработувам со музичари, снимам музика и материјали коишто станаа мои успешни проекти како Get Rich or Die Tryin', Massacre, Curtis и Before I Self Destruct. Работевме заедно на тие албуми. Јас ги правев снимките, но тие ги преслушуваа од перспектива на обожаватели и ми помагаа кои песни да ги искористам бидејќи јас секогаш претерувам со работата за проектите, секогаш пишувам повеќе песни од она што е потребно и потоа треба да одлучувам кои песни ги сакам а кои не.

Ти си еден од најдобро платените музичари на светот. Создаде цела империја и познат си како прилично добар бизнисмен. Која е тајната на твојот успех?

Постојано сум активен, одговорен сум за многу луѓе. Имам многу вработени и постојано сум во движење поради бизнисот. Постојано работам на себе, не мислам дека сум го постигнал максимумот, морам да одам напред и во иднина ќе станам уште „поголем и подобар“ од она што сум денес и затоа со радост ја очекувам утрешнината.

Сите знаеме дека имаш син. Дали си во контакт со него и какви се вашите односи имајќи ја предвид твојата постојана зафатеност поради работата?

Сношти разговарав со мојот син. Поради обемот на мојата работа и патувањата успевам да поминам време со него за празниците кога не е на училиште и може да помине време со мене итн. Но, нема разлика помеѓу нашиот однос и односот на другите деца и татковци после развод кога таткото и мајката ќе се разделат и детето заминува, но го поминува летниот распуст со својот татко, оди на одмор и на други места со него, но потоа се враќа кај мајка му. Од прилика, такви се околностите во кои се наоѓам и јас.

Што се случува со тужбата во врска со секс-видеото? Медиумите објавија дека 50 Cent ставил таков видео клип на интернет. Дали е тоа точно или не?

Секс-видео? (се смее) Не, јас нема такво видео.

ОК. Што мислиш за хип-хоп стилот денес? Дали мислиш дека стариот стил ќе опстане или ќе се „стопи“ во поп музиката? Какви се твоите предвидувања за иднината на хип-хоп музиката?

Па, мислам дека има промени. Хип-хоп културата стана поп култура и опфаќа многу работи. Луѓето се заинтересирани за неа низ целиот свет. Каде и да одам има луѓе што се занимаваат со хип-хоп. Тие се облекуваат исто, имаат исти манири а го прават тоа на различни јазици и тоа е навистина вчудовидувачко. Хип-хопот изврши влијание на толку многу луѓе коишто се дел од него, а се започна во еден мал дел од Бронкс.

Fifty, кажи ни нешто за песните што ќе ги изведеш во Скопје. Дали планираш да ги изведеш најголемите хитови или ќе го промовираш новиот материјал?

Сакам да изведам и дел од новиот материјал, но секако ќе се задржам на најголемите хитови. Сакам да опфатам различни сегменти. Знам кои се песните коишто луѓето сакаат да ги слушнат и сакам да им го овозможам тоа, но исто така сакам да презентирам и дел од поновите работи за да видат што е она коешто за мене е возбудливо во моментов и што сум создал во последно време.

Дали може да ни ги опишеш G-Unit како група и односите со поранешниот член The Game ?

Да се опише G-Unit е лесно. Пораснавме во исто соседство. Јас, Тони и Лојд Бенкс бевме оддалечени само 3 блока. Game е музичар на којшто му се посветив по неговиот неуспех да создаде успешен албум. Потрошија цела година со Дре во снимање во студио но не успеаја да направат материјал што ќе ги задоволи стандардите. Тогаш се појави можност јас да „влетам“ и да земам удел во процесот на проектот на The Game . Ги најдовме соодветните песни коишто ќе можат да ја продаваат неговата музика. Јас напишав 6 песни за албумот и 3 од нив беа првите синглови од неговиот прв албум но тој не сакаше да го признае тоа. Значи, немам некој посебен однос со него. Всушност, не ни зборувам со него.

Која е позадината на насловот на твојот албум и филм Before I Self Destruct (Пред да се само-уништам)? Дали навистина ќе се самоуништиш?

Не, нема да се самоуништам. Јас нудев материјал и претходно, но не можам да нудам ист материјал цело време бидејќи и начинот на размислување ми се менува, јас сум во различни димензии и во различна креативна смисла. Тоа е концептот и токму затоа овој наслов ми се чини логичен.

Денес прочитав во еден британски медиум дека си изјавил дека сакаш да се ожениш и да имаш секс без заштита со Бијонсе, Лејди Гага и Ријана. Дали ќе му ја земеш Бијонсе на Џеј Зи?

Не (се смее), прашањето беше со кого би се бакнал, кого би оженил и кого би игнорирал. Јас одговорив дека би се бакнал со Бијонсе, би се оженил со Ријана и би ја игнорирал Гага. Сепак, медиумите погрешно ме сфатиле. Потоа одговорив дека би се оженил со Бијонсе, Лејди Гага и Ријана и би се бакнал со Бијонсе, Лејди Гага и Ријана и би го игнорирал кондомот и би имал секс без заштита со Бијонсе, Лејди Гага и Ријана и дека ќе бидеме едно големо среќно семејство.

Но човеку, зборуваме за 3 жени. Сигурно би постоела некоја љубомора. Дали не се плашиш дека Лејди Гага би можела да стане љубоморна и би ја повториле сцената со труењето, иста како онаа во нејзиниот последен спот со Бијонсе?

Хахахахахахахаа. Веројатно би направила.

Што прави 50 Cent кога не е во студио и кога не снима филмови. Можеш ли накратко да ни го опишеш твоето секојдневие?

Почнав да се занимавам со фотографирање. Тоа е моето хоби. Правам фотографии на сите мои патувања.

Тоа е одлично хоби. Кои се твоите планови за во иднина како во однос на музичката, така и во однос на филмската кариера?

Тукушто ја основав филмската компанија Cheetah Vision. Ќе продуцирам 3-5 филмови годишно. Ќе глумам во дел од нив, но не во сите затоа што треба да работам и на музиката и ќе издадам нов албум – Black Magic . При крај сум со самиот проект но се уште работам на него. Снимив 4 песни за време на мојата меѓународна турнеја и едноставно имам добро чувство во врска со албумот. Сега треба да се вратам назад и да средам некои идеи што ги добив за овој проект пред да ги донесам финалните одлуки за тоа што ќе правам.

Дали имаш некоја порака за сите читатели на ИДИВИДИ и обожавателите од Скопје?

Како сте? Тука е 50 Cent. Дојдете на концертот во среда, 31 март во Скопје во рамките на светската турнеја Before I Self-Destruct на кој ќе има и музика од Get Rich or Die Trying и Massacre. Ќе биде јако. Очекувајте јака енергија, очекувајте вечер за паметење што ќе ви ја овозможи 50 Cent.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат маж и жена во продавница и жената се фатила за некој фустан. Мажот пак незаинтересиран и вели:
- Ај мори жено, остај го фустанов, гледај каква си, како комбајн.
Си отишле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1571.- Во Вајл, Германија, е роден Јохан Кеплер,...
1585. - Во Париз умре Пјер Ронсар, француски...
1822. - Во Дол е роден Луј Пастер, француски...
1831.- Англискот научник Чарлс Дарвин ја започна...