Бритни Спирс наводно во студио снима заедно до DJ Tiesto, објавија американските медиуми.
Шпекулациите дека холандскиот ди-џеј работи со Спирс се појавија откако менаџментот на поп пејачката твитуваа дека двојката договорила состанок.
Холандскиот весник ADNL потврди дека дуото е во преговори за заеднички проект.
- Двајцата минуваат многу време заедно, со цел да го најдат соодветниот звук, соопштија од менаџерскиот тим на ди-џејот
DJ Tiesto веќе има направено ремикс на синглот на Бритни 'Piece Of Me', а досега има соработувано со Нели Фортадо, Bloc Party и Келвин Харис.
Истовремено се појавија шпекулации дека новиот албум на Спирс ќе се појави кон крајот на годинава.