Психомодо Поп предгрупа на Били Ајдол

Гости на големиот Били Ајдол на 20 јуни на отворениот простор на Скопското Кале ќе биде познатата група Психомодо Поп. Тие ќе имаат 60 минути дај ја развеселат публиката и да ја подготват за концертот на големата рок ѕвезда.

Бендот Психомодо Поп е оформен во 1983 година и од своето појавување на тогашната Југословенска сцена до денес сè еден од најдобрите поп пaнк бендови на балканските простори. Во својата кариера имаат издадено осум албуми и освоено многу награди, но како што велат самите, нивната најголема награда е огромната армија на фанови која ја имаат низ целиот Балкан. Најголемата желба им се остварила во 1990 година кога свиреле заедно со своите идоли The Ramones.

Неверојатно харазматичниот лидер на бендот, Давор Гобац, секогаш потенцирал дека ништо не му е поважно од концертите и фановите.

- Сакам да настапувам во секое село и метропола, од селски задруги до стадиони, сум пеел и пред пет луѓе и пред десетина илјади, нашиот живот е рокенрол.

Организаторот Авалон известува дека влезниците за концертот веќе се во продажба на вообичаените продажни места по цена од 1.000 денари, како и лимитиран број на фан-пит места по цена од 1.500 денари.

Б.Б



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Е не се држи дете така
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download