Lady GaGa на интернет објави уште една разголена фотографија на која позира со филџан за чај, пренесуваат светските медиуми.
Пејачката, која во моментов е актуелна со хитот „Alejandro“ кон почетокот на годината на својот Twitter профил објави фотографија на која држи црвен филџан за чај, кој го добила како роденденски поклон од обожавател. На новата слика, контроверзната пејачка беше топлес.
Синоќа GaGa објави слична фотографија, држејќи бел филџан за чај на кој е испишан зборот „Wh*re“ (к*рва).
Сликата на која нејзините нокти изгледаат како канџи, доби речиси 600 коментари и тоа само во првите шест часа.