Понекогаш мислиме дека во овој свет може да се успее само ако покрај талентот се има и добар изглед, или само добар изглед без талент. Во секој случај, добриот изглед ни дава подобри шанси за успех, згодно зар не? Но, тоа не е секогаш така.
Светот нас не почестил со многу успешни луѓе кои не се толку убави.
5. Кортни Лав
Ако не сте знаеле – дрогата не ги разубавува луѓето.
4. Мајкл Бериман
Не, ова не е шминка. Овој актер боледува од ектодермална дисплазија (ретка болест поради која нема потни жлезди, коса, нокти и заби). Мајкл глумел во разни хорори и во познатите Star Trek и X-Files.
3. Џозелин Вилдштеин
Таа е кралица на бизарните топ листи. Жената која потрошила милиони на бизарни пластични операции да излезе вака грдо? Тоа би требало да биде казниво со закон.
2. Мерлин Менсон
Не знаеме какви трауми преживеал во детството, но сигурно биле страшни. Овој бел пудер со плаво око и крваво црвени усни не е нималку привлечен, туку сосема спротивно. Тој е вистински фрик и не би сакале да го сретнете во некоја темна уличка.
1. Мајкл Џексон
Дали воопшто сте очекувале некој друг на оваа позиција? Ако Џозелин е кралица на бизарните топ листи, тогаш Мајкл Џексон е крал на оваа листа. Беше успешен црн пејач кој одлучи да си го уништи својот изглед и углед. На крајот заврши како албино вонземјанец чиј нос се помрднуваше скоро секој ден.