Нов скандал го тресе Холивуд

Нов скандал го тресе Холивуд. Американските таблоиди открија кој е таткото на бебето кое го носи Џенуари Џонс. Наводно станува збор за режисерот и сопругот на Клаудија Шифер, Метју Вон.

Џонс неодамна објави дека е бремена, но не сакаше да открие кој е таткото на бебето, велејќи дека сама ќе го одгледува.

Вон и занесната убавица блиско соработуваа на новиот филм на X-Men: First Class, па така некои од таблоидите на листата на потенцијални татковци го стави и познатиот режисер и продуцент.

Сепак, откако на интернет се појавија гласините, Вон демантираше дека е таткото на бебето на убавата актерка. Неговите правни застапници веднаш побараа отстранување на информацијата која може негативно да се одрази на бракот на Вон и Шифер.

Во меѓувреме, работите добија чуден тек. Според последните информации Вон наводно нема да присуствува на њујоршката премиера на неговиот филм, што дополнително ги разгореа шпекулациите дека бракот на Вон и Шифер е во криза.

Режисерот од 2002 година е во брак со германскиот супермодел Клаудија Шифер, со која има три деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто не успеало пресадување на мозок на плавуша?
- Мозокот го отфрлил страното тело.

* * *
- Од двајца ќелави, кој е поќелав?
- Тој со поголема глава

* * *
Две баби...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1741.- На островот кој потоа го доби неговото...
1793.- Францускиот генерал Наполеон Бонапарта ја...
1842.- САД ја признаа независноста на Хаваи. Во...
1848.- Умре англиската писателка од ирско...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби