Некои луѓе се подготвени да направат се за добар автомобил, особено ако тој го добиете гратис.
Германска радио станица понуди автомобил вреден 24.000 евра за слушателот кој во нивните простории ќе дојде со најлуда реклама за Mini.
Ваквата идеја буквално ги збудалела 39-годишниот Андреас Мулер, кој бил спремен на сè за да го добие автомобилот. Мулер на својот пенис, во просториите на радиото го истетовира зборот „МИНИ“.
Пријателите на Мулер му се веселат на „Mini-то“, оној со четири тркала, затоа што другиот уште извесен период ќе биде вон употреба.